Со победата над ФЦСБ и пласманот во 3. квалификациско коло во ЛШ, Шкендија и натаму ја остава позицијата на Македонија отворена во битка за пласман во ТОП 50 на листата на УЕФА според коефициентот на тимовите во европските купови>
На најновото рангирање објавено денеска по одигрувањето на реванш средбите од второто елиминациско коло во сите европски натпреварувања, Македонија останува на 51. место и покрај троиумфот на тетовци и поразот и елиминацијата на Вардар. Македонија засега има коефициент 6,166 и е многу блиску до Луксембург и Белорисија кои се на двете позиции пред нас на листата.
Со оглед на тоа што Шкендија ќе има долга европска есен во која очекуваме и нови победи, тетовци можат да ја искористат шансата и да го вратат македонскиот клупски фудбал во листата на 50 најдобри на Стариот континент.