На нешто повеќе од 24 часа до официјалниот почеток, повеќе нема влезници за првиот натпревар на „црвено-жолтите“ во претквалификациите.Иако утре е Илинден, нашиот најголем национален празник, извесно е дека македонската сениорска репрезентација ќе има голема поддршка од трибините во реновираната сала во Куманово.
За првиот официјален меч, оној во кој нашата најдобра селекција ќе го игра против Романија, во рамките од претквалификациите за Светскити Куп 2027 година, владее голем интерес.
А на нешто повеќе од 24 часа до официјалниот почеток, распродадени се сите влезници за натпреварот меѓу Македонија и Романија.
Тоа значи дека исклучително важниот меч за нашиот национален тим ќе го проследат околу 4-5.000 гледачи што треба да биде голем ветер в грб за младите македонски кошаркари.
Утрешниот натпревар е прв за македонската репрезентација во Куманово по пауза од 26 години, па не чуди еуфоријата која владее во овој град. Љубителите на кошарката се познати по фантастичната атмосфера која знаат да ја направат, се очекува вистински спектакл.