Ривалот на Шкендија: Карабах против клубови од Македонија има четири победи и едно реми!

471
ФОТО: FC Karabakh/FB

Македонскиот шампион во рамките на 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите за ривал го има Карабах, тимот од Азербејџан. Секако познат клуб и во европски рамки каде обично игра во групна фаза.

Има што многу да се каже за шампионот на Азербејџан, но нас најмногу не интересира за тоа како овој клуб минувал со наши екипи низ својата историја.

Можеме веднаш да кажеме дека Шкендија ќе ја има против себе и традицијата кога станува збор за македонските клубови кои играле против Карабах.

Пет меча и четири победи и едно реми. Ниту една победа за нас.

Металург во 2010 година во 1.квалификациско коло во Лигата на Европа беше поразен со 1:4 и одигра 1:1.

Во 2013 година исто Металург и исто во 1.квалификациско коло во Лигата на Европа беше поразен од Карабах со 0:1 и 0:1, за да во 2020 во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампиони, Силекс кој играше место Вардар, доживеа пораз од 0:4.

Шкендија на ова е навикната. Така беше и пред дуелите со Стеауа, да се потсетиме дека пред тој двомеч ниту еден наш клуб немаше реми а камо ли нешто повеќе, но тетовци ја прекинаа црната серија на македонските клубови против некогашниот европски првак и со две победи го елиминираа.

Така нема биде и со Карабах.

ПретходноЃоковиќ станува косопственик на фудбалски клуб!
СледноУспешна “генералка“ на Струга ТЛ, Скопје го победи Работнички!