Стојанова:„Играме за нас самите!“

50
ФОТО: Odbojkarska federacija

Женската сениорска репрезентација на Македонија в недела, 20 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува селекцијата на Грција во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026.

По двонеделни подготовки (една во Маврово и една во Скопје) дамите се подготвени да направат чекор напред во однос на нивната игра и претставувањето на теренот. Тоа им е и главната амбиција во пресрет на последните две средби од циклусот, со оглед на тоа дека од претходно ги загубија шансите за учество на континенталниот собир.

Мотивацијата е на повисоко ниво од претходните настапи, затоа што веќе почнавме да играме – ако може така да се изразам. Сега кога знаеме како можеме да играме, а ни следат дуели со уште поквалитетни репрезентации, тоа носи уште поголема инспирација да се покажеме во најдобро светло. Голема предност е што сме во комплетен состав овој пат, здрави и без проблеми. Играме со противници кои ни се добро познати и нема простор за изненадување. Направивме добра анализа, добри подготовки и наше е да одиграме најдобро што можеме. Играме за нас самите, свесни сме дека резултатски немаме што да загубиме. Истовремено овие натпревари може да ни дојдат и како добра увертира за веќе следниот циклус, во кој се надевам дека ќе одиме чекор напред. Сигурна сум дека на престојните натпревари ќе понудиме уште подобра игра од онаа во Европската лига, особено на првиот меч во Скопје“ – децидна е Тамара Стојанова.

Одбојкарките денеска и утре финишираат со темпирањето на формата во пресрет на неделниот меч со Грција.

ПретходноВајли: Голема е честа да се игра за оваа земја!
СледноСтруга ТЛ: За една деценија од општинска лига до две шампионски титули во ПМФЛ, две финалиња во Купот и пласман во плеј-оф во ЛК!