Голманот на Баерн Минхен, Свен Улрајх, објави емотивна и трогателна објава на социјалните мрежи. Во долга порака на Инстаграм, баварскиот голман и неговата сопруга Лиза јавно објавија дека неодамна го загубиле својот шестгодишен син Лен.
Ситуацијата на Улрајх минатата сезона покрена прашања, бидејќи 36-годишниот голман честопати воопшто не влегуваше во составот на тимот, па дури и не патуваше на гостувања, имајќи само 2 настапи. За жал, причината за ова сето ова е сериозната болест на неговиот син, која на крајот се покажа како фатална.
„Со длабока тага сакаме денес да објавиме дека нашиот син Лен почина пред неколку недели по долга и сериозна болест.
Одлуката да го објавиме ова јавно сега е исклучително тешка за нас – сепак, ова е важен чекор за нас како семејство да создадеме јасност во нашата околина, а исто така и во очите на јавноста. Заедно со нашата ќерка, сега се обидуваме чекор по чекор да го пронајдеме патот назад во животот.
Посебна благодарност до нашите семејства, пријатели и ФК Баерн Минхен за нивната дискреција и голема поддршка во текот на изминатите неколку месеци – тоа многу ни значи.
Ги молиме јавноста и медиумите да бидат внимателни и да ја почитуваат нашата приватност. Љубезно ве молиме да се воздржите од понатамошни прашања или изјави“, напиша семејството на Улрајх.
Sven Ulreich announces that his son Len passed away a few weeks ago following a serious illness
Wishing a lot of strength to Sven and his family. RIP Len 🕊️ pic.twitter.com/2oor1uRYRL
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) August 1, 2025