Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде еден од инвеститорите во фудбалскиот клуб Ле Ман. Претставниците на клубот одржаа конференција во петокот за да ги претстават новите финансиски партнери.
Станува збор за бразилскиот инвестициски фонд „Аутфилд“, кој ќе има малцински удел, а во проектот се вклучени, меѓу другите, Новак Ѓоковиќ, како и возачите на Формула 1 Кевин Магнусен и Фелипе Маса. Тука е и Џорџ Франгулис, момчето на Арина Сабаленка.
Ле Ман оваа сезона игра во втората лига, Лига 2, а покрај бразилските финансиери, името на Ѓоковиќ привлече најголемо внимание.
View this post on Instagram