Ѕвездата на Реал Мадрид се соочува со две и пол години затвор

342
фото: Los Galácticos (X)

Јавниот обвинител бара затворска казна од две и пол години за ѕвездата на Реал Мадрид, Раул Асенсио, кој учествувал во дистрибуција на видео од неговите поранешни соиграчи од младинскиот тим на Реал Мадрид како имаат секс со две девојки на Канарските Острови. Тројцата поранешни соиграчи на Асенсио имале секс со две девојки во хотелска соба.

Девојките се согласиле да имаат секс, но една од нив ги снимила. Видеата завршиле јавно без согласност на девојките, создавајќи скандал кој сè уште не е решен. Една од девојките имала 18 години во тоа време, а другата 16. Случајот на Асенсио е малку поинаков.

Тој не учествувал во сексуалниот однос, туку само ги побарал од своите соиграчи видеото за да може понатаму да го споделува. Обвинителството смета дека таквото дело не треба да остане неказнето и дека имаат основа да го гонат.

Раул Асенсио стана играч во првиот тим на Реал минатата сезона. Бројните повреди на задната линија на Реал го принудија тренерот Карло Анчелоти да му даде шанса на 22-годишниот Шпанец. Тој одигра 46 натпревари минатата сезона.

ПретходноМеси ќе потпише за Интер Мајами до 2028, ама ќе може кога сака да го раскине договорот!
СледноПатување низ времето: Легендарниот одговор на Антиќ во обидот да биде третиран како руки во НБА!