Атлетико (М) не застанува, блиску е до потпис со Распадори

116

Атлетико (М) подготвува понуда и за Џакомо Распадори. Според „Скај Спорт Италија“, мадридскиот клуб е подготвен да понуди 25 милиони евра плус 5 милиони во бонуси за напаѓачот на Наполи.

Италијанскиот првак сака да добие 30+5 милиони евра за 25-годишниот играч, но можно е конечната сума да биде 30 милиони евра, земајќи ги предвид и бонусите.

Минатата сезона во Серија А, Распадори одигра 26 натпревари, постигнувајќи 6 гола и запишувајќи 1 асистенција. Атлетико (М) беше исклучително активен на трансфер пазарот ова лето и најавува една поинаква сезона во која сигурно повторно ќе се вклучи во трка за титулата во Ла Лига.

 

ПретходноЛЕ и ЛК: Дебакл на Ристовски и Елези, Ѓорѓиевски се радува а Алиоски тагува…
СледноФудбалерите на Шкендија пречекани од навивачите на плоштадот во Тетово (ФОТО+ВИДЕО)