ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2 АВГУСТ ЌЕ НАВИВА ЗА МАКЕДОНИЈА

30

Видеолотарија Касинос Австрија со гордост и задоволство ќе биде дел од навивачите кои ќе ја бодрат машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија на почетокот од претквалификациите за Светскиот Куп 2027.

На големиот празник-Илинден, на 2 август – со почеток во 20:00 часот, во спортската сала во Куманово, машката сениорска репрезентација на Македонија за противник во првото коло од натпреварите во групата „Е“ја има селекцијата на Романија.

Овој натпревар е дел од втората фаза во претквалификациите за Светскиот Куп во 2027 година. Во август, нашите најдобри кошаркари ќе одиграат четири натпревари во претквалификациите. Македонија е дел од групата „Е “, во која се и репрезентациите на Романија и Унгарија.

Средбата Македонија – Романија ќе стартува од 20 часот, со директен пренос на програмата на МРТВ.

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија придонесува за поголеми успеси во македонскиот спорт. Со верба, гордо и силно, утре, на Илинден ќе навиваме за црвено-жолтите.

ПретходноМаркоски: Септември ќе биде полн со предизвици за Алкалоид
СледноНовите засилувања ги одбраа броевите: Вирц е новата „седумка“ на Ливерпул