Зоран Балдовалиев е новиот спортски директор на Брера! (ФОТО)

204
ФОТО: Brera Strumica/FB

Зоран Балдовалиев (42) е поставен за спортски директор на Брера. Тој со своето искуство и професионализам се очекува да придонесе во остварување на целите за новата сезона која почнува на осми август. Балдовалиев кој потекнува од струмичката фудбалска школа, во својата играчка кариера има настапувано во повеќе клубови во земјава и странство со кои има добри конекции. Сето тоа може да бидат добра основа за поголема промоција на младинскиот фудбалски потенцијал што го има струмичкиот прволигаш.

,, Се заблагодарувам на раководството за укажаната чест да бидам спортски директор. Ќе се потрудам да дадам свој ангажман во остварување на целите на АП Брера Струмица за оваа сезона како што е овозможување услови за квалитетна работа и професионален развој на секој фудбалер во клубот со подобрување на нашата спортска инфраструктура по добивањето терени во Градско Балдовци . И понатаму како приоритет ни остануваат нашите младински школи кои имаат одличен потенцијал. Она на што ќе работиме во иднина е мобилизација на струмички деца и градење на силна врска со локалната средина. Целта е да создадеме наши струмички фудбалери кои ќе играат во прва екипа со можност за кариера и во други клубови. Тоа не значи дека во втор план е сениорскиот состав на Брера кој ги започна подготовките во кој донесовме неколку засилувања . “, вели Зоран Балдовалиев.

ПретходноСтруга ТЛ: За една деценија од општинска лига до две шампионски титули во ПМФЛ, две финалиња во Купот и пласман во плеј-оф во ЛК!
СледноМакедонија со Бугарија и Швајцарија на меморијалот “Бранко Хаџииљоски – Чајка“!