Македонија со Бугарија и Швајцарија на меморијалот “Бранко Хаџииљоски – Чајка“!

16
ФОТО: Odbojkarska Federacija/FB

Одбојкарската Федерација на Македонија и семејството Хаџииљоски по 49-ти пат ќе бидат организатори на меѓународен меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, кој на 5, 6 и 7 август 2025 година ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Меморијалот, кој премина во традиција и е константен во годишниот календар на ОФМ и оваа година се става во функција на машкиот сениорски национален тим на Македонија, како дел од подготовките за европските квалификации, на кој, покрај нашата репрезентација ќе учествуваат и сениорските репрезентации на Бугарија и Швајцарија.

Влезот за сите натпревари во салата ќе биде слободен, а средбите кои ќе ги игра Македонија ќе имаат и директен телевизиски пренос на националниот сервис.

РАСПОРЕД

Македонија – Швајцарија (05.08) 17:45 ч

Швајцарија – Бугарија (06.08) 19:00 ч

Македонија – Бугарија (07.08) 19:00 ч

ПретходноЗоран Балдовалиев е новиот спортски директор на Брера! (ФОТО)
СледноСтрашно: Почина шестгодишниот син на голманот на Баерн Минхен!