Полска со две американски засилувања за Евробаскетот 2025

81
фото: Typowy Koszykarz (X)

Кошаркарската репрезентација на Полска доби две американски засилувања во пресрет на Евробаскетот 2025.

Како што објавија тамошните медиуми, полско државјанство добиле американските кошаркари Џордан Лојд (32) од екипата на Монако и 27-годишниот играч на литвански Ритас, Герик Хардинг.

Лојд во изминатата сезона во Евролигата имаше просек од 9 поени, 2,9 скока и 1,7 асистенции за 20,8 минути по натпревар, додека Хардинг беше најдобар стрелец во шпанската лига додека играше за Андора, со 20 поени.

Се очекува кошаркарите да ја засилат полската репрезентација пред Евробаскетот во кој оваа селекција е во групата Д со Исланд, Франција, Словенија, Белгија и Израел.

ПретходноПо победата на Шкендија: Македонскиот клупски фудбал се поблиску до место во ТОП 50
СледноОвен: Манчестер Сити нема шанси да биде шампион, Ливерпул, Челзи и Арсенал се фаворити