По победата на Шкендија: Македонскиот клупски фудбал се поблиску до место во ТОП 50

666

Со победата над ФЦСБ и пласманот во 3. квалификациско коло во ЛШ, Шкендија и натаму ја остава позицијата на Македонија отворена во битка за пласман во ТОП 50 на листата на УЕФА според коефициентот на тимовите во европските купови>

На најновото рангирање објавено денеска по одигрувањето на реванш средбите од второто елиминациско коло во сите европски натпреварувања, Македонија останува на 51. место и покрај троиумфот на тетовци и поразот и елиминацијата на Вардар. Македонија засега има коефициент 6,166 и е многу блиску до Луксембург и Белорисија кои се на двете позиции пред нас на листата.

Со оглед на тоа што Шкендија ќе има долга европска есен во која очекуваме и нови победи, тетовци можат да ја искористат шансата и да го вратат македонскиот клупски фудбал во листата на 50 најдобри на Стариот континент.

 

ПретходноРобињо во затвор поправа телевизори, а подготвува да лансира и компанија за обложување
СледноПолска со две американски засилувања за Евробаскетот 2025