Робињо во затвор поправа телевизори, а подготвува да лансира и компанија за обложување

193
фото: Rap Mais (X)

Поранешниот репрезентативец на Бразил, Робињо, кој неодамна ја заврши својата прва година во затворот во Тремембе (Бразил), се подготвува да лансира свој бизнис откако ќе излезе од зад решетки. Хакерот Валтер Делгати, кој дели затворска ќелија со поранешниот фудбалер поради хакирање на системите на Националниот совет за правда, најавил дека заедно со Робињо ќе започне основање на компанија за обложување.

Робињо кој е поранешен играч на Сантос, Манчестер Сити, Милан и Реал Мадрид, беше осуден на 9 години затвор за групно силување на албанска државјанка во Италија во 2013 година во ноќен клуб во Милано.

Робињо моментално се обидува да се пресели во полуотворен затвор, а во меѓувреме се фокусира на искористување на своето примерно однесување. Тој научил да поправа телевизори и радио уреди благодарение на 600-часовен курс по електроника, запишан е во читачки клуб, се грижи за градината и ги завршил сите 10 модули од Програмата за работа и граѓанско образование.

ПретходноНовите засилувања ги одбраа броевите: Вирц е новата „седумка“ на Ливерпул
СледноПо победата на Шкендија: Македонскиот клупски фудбал се поблиску до место во ТОП 50