Страшно: Почина шестгодишниот син на голманот на Баерн Минхен!

271
ФОТО: X

Страшни вести од Германија. Имено како што и самиот објави, голманот на Баерн Минхен, Свен Улрих останал без својот малолетен син. Малиот Лен починал на само шест години и тоа по долга и тешка болест.

Улрих на социјалните мрежи ја потврди трагичната вест:

Со длабока тага денес објавуваме дека нашиот син Лен почина пред неколку недели по долго и тешко боледување. Одлуката да се објави ова сега е неверојатно тешка за нас – сепак, ова е важен чекор за нас како семејство да создадеме јасност во нашата околина и во јавноста.
Заедно со нашата ќерка, сега се обидуваме чекор по чекор да го пронајдеме патот назад во животот.“
напиша покрај другото голманот на Баерн Минхен.

ПретходноМакедонија со Бугарија и Швајцарија на меморијалот “Бранко Хаџииљоски – Чајка“!
СледноПетрушев за малку не успеа да влезе во финалето на Европското првенство во кајак!