УЕФА ја казни украинска Александрија за извиците „Убиј ги Србите“

147
фото: Stadium trips (X)
УЕФА ја казни украинска Александрија поради недоличните скандирања на навивачите за време на натпреварот со Партизан во европските купови.

Александрија загуби на домашниот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига во Катовице, а за време на натпреварот од трибините се слушаа повици за насилство врз Србите. Ова се должи на учеството на српскиот тим на Братски куп во Москва.

Дисциплинската комисијана УЕФА одлучи да ја казни Александрија со 20.000 евра и делумно да го затвори стадионот на клубот (со најмалку 500 седишта) за еден од следните домашни натпревари во натпреварувањата на УЕФА поради расистичко однесување на навивачите.

ПретходноВиктор Ташовски останува во ТФТ уште 2 години!
СледноТрагедија: Долгогодишниот голман на Баерн објави дека неодамна го загубил синот