Виктор Ташовски останува во ТФТ уште 2 години!

49

Македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски ќе остане во ТФТ. Тимот од Тафталиџе денеска потврди дека потпишале нова две-годишна соработка.

Ташовски минатата сезона имаше кратка авантура во Пелистер, по што се врати во редовите на ТФТ.

Тој доби дополнителен повик од страна на селекторот, Марјан Илиевски за претквалификациите за СП 2027 година, кои пак за Македонија стартуваат утре против Романија. Мечот се игра во Куманово со почеток во 20 часот, билетите веќе се распродадени.

ПретходноУспешна “генералка“ на Струга ТЛ, Скопје го победи Работнички!
СледноУЕФА ја казни украинска Александрија за извиците „Убиј ги Србите“