Од денеска тимот на Зрињски, шампионот на БиХ, има нов стратег. Тоа е легендарниот Игор Штимац. Легендата на Хајдук и репрезенртацијата на Хрватска.
За нас ова е посебно важно ако се знае дека пред неколку дена нашиот репрезентативец дефанзивец Дарко Велковски потпиша токму за тимот од Мостар.
Интересно е тоа што ова лето за Штима се шпекулираше дека ќе де врати во сплитски Хајдук, пред неколку месеци имаше шпекулации дека ќе ја преземе клупата на Динамо Загреб, но еве од денеска тој и официјално е шеф на струката на ХШК Зрињски од Мостар.