Специјализираната веб страница за кошарка „Eurohoops“ потсети на легендарната изјава на Перо Антиќ и неговиот став да биде третиран како руки во тимот на Атланта. Поранешниот претседател на КФСМ и македонски репрезентативец по пристигнувањето во таборот на „јастребите“ одби да ја носи опремата на соиграчите како што налагаат за секој новодојденец во тимот.
„Во НБА дојдов на 31 година, а моите соиграчи ми дадоа да носам мала торба, да им ја носам нивната опрема. Ја оставив пред вратата и им реков, сета почит, но јас не сум руки бидејќи имам 31 година“, беше изјавата на Антиќ, кој е првиот и единствен Македонец кој заиграл во НБА-лигата, тоа го стори во периодот од 2013 до 2015 година.