Струга ТЛ: За една деценија од општинска лига до две шампионски титули во ПМФЛ, две финалиња во Купот и пласман во плеј-оф во ЛК!

175

Денеска Струга Трим Лум го прославува својот десетти роденден. Нека му е честит роденденот на овој клуб, но сепак десет години и не се нешто за некоја историја да се пишува, барем за други клубови.

Но не и за Струга ТЛ која е раритет и во светски рамки. Имено овој клуб е основан на 1 август 2015 година од неколкумина пријатели и фанови на фудбалот. Секако дека тука како спонзор беше компанијата „Трим & Лум“ која со своето финансирање беше главен фактор за успесите на овој клуб.

May be an image of text that says 'F.C. C. C.STRUGA STRUGA F 20 15 TRIM TRIM & &LUM LUM years 01| 01|08| 01|08|2025 01 08| 08 2025'

И за само една деценија овој клуб израсна во гигант за наши услови. Во сезоната 2015/16 стартуваше во четврта лига и веднаш се пласираше во третата од каде експресно влезе во ВМФЛ каде играше две сезони за да во 2019/20 година го имаше своето деби во елитата. И во тие шест години во ПМФЛ двапати беше шампион (2022/23 и 2023/24) и двапати играше во финалето на Купот на Македонија а летото 2024 играше и во плеј – офот во Лигата на Конференции, малку недостигаше да влезе и в групите.

За десет години повеќе од ова и не се може. Така се работи во фудбалот, така се чекори кон патот до успехот. Со многу работа, знаење, секако финансирање од семејството Ќира. Тука е првиот човек на компанијата Менди Ќира, неговиот син Арбтрим Ќира кој е и прв човек на клубот, секако дека тука е и другиот син Лум Ќира. Не смееме да заборавиме на првите оперативци на клубот, директорот Бесарт Исаку и секретарот Мифтар Шаќири, како и сите фудбалери и тренери кои во изминатите десет години беа дел од Струга Трим Лум.

ПретходноСтојанова:„Играме за нас самите!“
СледноЗоран Балдовалиев е новиот спортски директор на Брера! (ФОТО)