Успешна “генералка“ на Струга ТЛ, Скопје го победи Работнички!

372
ФОТО: FC Struga TL/FB

Попладнево дел од од прволигашите ги одиграа своите последни контролни мечеви или “генералки“ во пресрет на стартот на сезоната следниот викенд.

Струга Трим Лум на свој терен славеше против Охрид со 3:0. Стрелци на головите беа Басиру Компаоре, Ласана Диако и Арби Воша. Уште една добра игра и убедлива победа на некогашниот двоен шампион на Македонија.

На Автокоманда изненадување. Скопје под водство на Александар Таневски, на кого ова му беше деби на клупата на “пиратите“, го победи Работнички со голот на Алек Анастасиевски со 1:0.

Значи Таневски со победа тргна со Скопје, додека Работнички имаше неуспешна “генералка“.

ПретходноРивалот на Шкендија: Карабах против клубови од Македонија има четири победи и едно реми!
СледноВиктор Ташовски останува во ТФТ уште 2 години!