Шкендија ги пушти во продажба билетите за мечот со Карабах!

293
ФОТО: KF Skendija/FB

Раководството на Шкендија предмалку објави дека билетите за мечот со Карабах се во продажба од денес (петок) во 16:00 часот.

Цената на истите е 300 денари.

Првиот натпревар од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите на УЕФА ќе се игра на 5 август на стадионот „Тодор Проески“ во Скопјe, со почеток во 20:00 часот.

Цената на билетот останува 300 денари, како што и беше на минатите средби ова лето, додека тие се достапни онлајн преку мрежата mktickets.mk почнувајќи од денес (петок, 1 август).

На денот на натпреварот, тие ќе бидат достапни на билетарницата на стадионот „Тодор Проески“ во Скопјe.

Клубот кој ова лето избори историски настап во групна фаза најмалку во ЛК, апелира за да се избегнат долги чекања и непотребни редици пред стадионот, секој навивач да купи билет однапред.

ПретходноПетрушев за малку не успеа да влезе во финалето на Европското првенство во кајак!
СледноПеток ќе биде ден за фудбалско уживање: Од 20 часот на Арената играат Вардар – Пелистер, под Шара од 17 часот Шкендија – Шкупи!