Светската шампионка на 100 м, уапсена поради семејно насилство!

124
ФОТО: X

Шакари Ричардсон, светската шампионка на 100 метри, беше уапсена во Сиетл за семејно насилство, објави „Ју-Ес-Еј Тудеј“. Поради ова, таа мораше да се повлече од националното првенство на Соединетите Американски Држави, кое е во тек.
Ричардсон беше приведена на 27 јуни откако го турна својот партнер кој удри во столб за време на расправија, сепак беше ослободена следниот ден.
Шакари се појави на државното првенство во Јуџин и беше успешна во квалификациите, но се повлече од полуфиналето откако се појави веста за нејзиното апсење.
И покрај тоа што не заврши меѓу првите три на националното првенство, Ричардсон има право како актуелен светски шампион да трча на овогодинешното Светско првенство, кое ќе се одржи во Токио од 13 до 21 септември.

ПретходноОфицијално: Рома купи дефанзивец за над 10 милиони евра
Следно“Редси“ ако не успеат да го доведат Исак, тогаш ќе го потпишат асот на Реал!