И дефинитивно ова лето, но и претстојната есен Шкендија ќе биде во центарот на вниманието во мак-фудбалот. Пласманот најмалку во лигашката фаза во ЛК (по старо групна) фаза, е фантастичен успех не само за вториот најтрофеен клуб во Македонија, туку и дека по Вардар е вториот клуб од Македонија кој играл во групна фаза.
Сепак Шкендија не се задоволува само со тоа. Веќе во вторник ќе го одигра својот прв меч во 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и тоа против Карабах. Во случај на минување тогаш ќе има најмалку пласман во групната фаза во Лига Европа, но и пласман во плеј-офот во Лига на Шампионите.
Значи ќе биде на еден чекор од фудбалскиот рај – ЛШ.
Вакво нешто биле само Вардар во 2003 кога беше елиминиран од Спарта Прага и Работнички во 2006 кога загуби од Лил. Сепак кога се во прашање овие два клуба тогаш немаше плеј – оф, туку од 3.квалификациско коло се одеше во групната фаза во ЛШ. Сега е поинаку, Шкендија мора да го мине Карабах и мора да го мине плеј – офот за лигашка или групна фаза во ЛШ.
Од друга страна ако Шкендија успее да го елиминира Карабах ќе биде прв клуб од Македонија што успеал да мине три кола во Лигата на Шампионите. Вардар и Работнички успеале само да минат по две.
Вардар ги мина Беритаун и ЦСКА Москва, загуби од Спарта Прага во таа 2003 година. Работнички ги мина Дуделанж и Деврецин, загуби од Лил во 2006.
Шкендија летово ги мина ТНС и Стеауа, на ред е Карабах.