Верстапен крена раце: До крајот на сезоната тешко дека ќе победам на некоја трка

45

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен изјави дека не очекува да победува на трките до крајот на оваа сезона. Возачот на Ред Бул ги сумираше резултатите од квалификациите за Големата награда на Унгарија, истакнувајќи дека тимот не ги знае причините за проблемите со перформансите на болидот.

„Имаше фундаментален проблем со болидот овој викенд. Пробавме многу работи за да го решиме проблемот, но без успех и да, имаме неколку идеи за тоа што се случува, но не можам да ги кажам тука. Ќе мора да анализираме сè. Дали очекувам победи оваа сезона? Не. Во моментов, не. Но, нема ништо што можете да направите во врска со тоа, нели? Ситуацијата е многу јасна“, рече Верстапен.

ПретходноФОТО ВЕСТ: “За да постои македонскиот народ не му треба ваша дозвола!“