И дефинитивно Пеп Гвардиола и неговата сопруга Кристина Сера се разделуваат и тоа цели 30 години како се заедно. Според медиумите на Островот разводот би требало да се финализира во текот на следните денови а да биде објавен следниот месец. Она што првично било дека ќе биде пријателска разделба, сега веќе не било така.
По ова, барем според медиумите во Англија, во Манчестер Сити стравуваат дека овој развод би можел да ја дестабилизира пртетстојната сезона од аспект на “граѓаните“.
Познато е дека Манчестер Сити во минатата сезона почна да “паѓа“ кога почнаа првите шпекулации дека Гвардиола си има домашни и семејни проблеми, за да потоа кулминираше со катастрофалниот крај на сезоната 2024/25 за Сити.
Се вели дека Кристина инсистирала од Пеп тој да не го продолжи договорот со Сити, никако не можела да се адаптира во Манчестер, па откако менаџерот на “граѓаните“ сепак одлучил да потпише нов договор, тоа било крај за нивната иднина.