Главчев: Јас сум задоволен, до пред две недели не знаевме ни кој ќе дојде

151

Новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Главчев, на прес-конференцијата по вечерашниот меч со Романија, истакна дека е горд на момците кои заиграа вечерва и го дадоа максимумот.

„Прво, јас сум горд што имаме момци кои сакаат да даваат максимум од себе за оваа репрезентација. Енергијата што беше присутна и што излегуваше од овие момци верувам дека не сум единствен што ја забележал. Дефинитивно можеме да кажеме дека имаме деца што ќе бидат дел од нашата кошарка во наредниот период, ако направите една анализа од минатото ќе забележите дека само двајца од оваа репрезентација имаат некакво искуство во националниот тим. Дефинитивно имаме нов тим, некои минати оптоварувања кои мислеа да покажат – без нас нема да може. Можеби на некои позиции сме послаби, тоа ќе биде предмет на анализа, но убеден сум дека овие деца и луѓето кои стојат зад нив нема да губат надеж ниту енергија. Јас се вратив, имав еден краток состанок со репрезентацијата и им ги пренесов импресиите на некои луѓе кои беа тука и беа воодушевени од енергијата што ја прикажаа. Имавме доста политичари на трибините, но факт е кога кошарката доминираше во салата, кошарката е тоа што обединуваше. Да бидам искрен, јас сум задоволен, ние само пред две недели не знаевме ни кој ќе биде селектор, ни кој ќе дојде. Имаме репрезентативен тим и јас сум горд на овие момци, ако се сеќавате дека не така одамна ви реков дека императив нема да ни бидат победите, туку да создадеме репрезентација што во догледно време ќе биде доформирана и верувам дека ќе ни носи радости во иднина“, истакна Главчев.

ПретходноСиндром на самоуништување, некој на Романците им ја дал видео-снимката од Македонија!
СледноФОТО ВЕСТ: “За да постои македонскиот народ не му треба ваша дозвола!“