Грк и Бугарин се дел од судиската тројка за дуелот меѓу Македонија и Романија

123

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (20 часот) во Куманово ја почнува битката во претквалификациите за СП 2027 година. Противник на избраниците на селекторот, Марјан Илиевски е Романија.

Судиската тројка на мечот од групата „Е“ од втората фаза од претквалификациите, Македонија-Романија ја сочинуваат Георгиос Пурсанидис од Грција, Јенер Јилмаз од Турција и Венцислав Великов од Бугарија. Во улога на комесар/технички делегат е Словенецот Алеш Камникар.

КФСМ вчера соопшти дека билетите за овој меч веќе се распродадени.
ПретходноСон потврди: Си одам! Дадов сè што можев!
СледноШешко го послуша Клоп и го одбра новиот следен тим