ЕП У-18: Македонија ја победи Белгија!Утре против Бугарија ќе се бие битка за опстанок во А-дивизијата!

77
ФОТО: KFSM/FB

Прва победа во шестиот меч за нашите кошаркарски јуниори на ЕП У-18 и тоа против Белгија со 81:72.

Што е уште поважно, со оваа победа Македонија си ги задржа шансите за опстанок во А-дивизијата, утрешниот дуел со Бугарија ќе решава.

Квалитетна, добра игра на нашите јуниори попладнево, најдобра во досегашниот дел од првенството. Па затоа се дојде до оваа победа.

Македонија не успеа да се наметне во првиот период од играта. Како нашите кошаркари да беа импресионирани од важноста на мечот, па му дозволија на ривалот да го добие првиот период со 17:20.

Сепак се беше поинаку во втората четвртина во која Македонија покажа квалитет и успеа да ја добие со +10 или 26:16 за на пауза да се замине со +7 поени во наша корист.

Белгија врати во третиот период, но бадијала, затоа што кога беше најважно, во таа последна четвртина македонските јуниори одиграа како што треба, и не само што ја добија четвртината, туку го добија и натпреварот.

Што се однесува до поентерите, најефикасен во нашаиот табор беше Ѓорѓевиќ со 22 поени, додека Јаничиќ и Димоски запишаа по 17 поени.

ПретходноОлмо: „Флик со нас е на шпански, ама кога ќе се налути го користи англискиот јазик“!
СледноВо Манчестер Сити стравуваат дека разводот на Пеп би можел да ја дестабилизира и претстојната сезона!