Историски успех: ЖФК Љуботен го декласира Пјуник и се пласира во следната квалификациска фаза во женската ЛШ!

106
ФОТО: ZFK Ljuboten/FB

Фудбалерките на ЖФК Љуботен попладнево на стадионот на ФФМ во Скопје, испишаа историја, како клупска, така и онаа за женскиот клупски фудбал во Македонија. Имено тие го победија Пјуник (Ерменија) со убедливи 4:0 во финалето на претквалификацискиот турнир во Скопје и со тоа се изборија за пласман во следната квалификациска рунда во најквалитетното женско клупско натпреварување во Европа.

Ваков успех досега немала ниту една наша екипа.

Да потсетиме дека нашиот шампион во полуфиналето славеше против Рунавик со 4:1.

Победа ја донесе Хава Мустафа со четири гола, првиот во 39.минута, вториот во 55.минута и третиот во 89.минута, и на крај четвртиот судиското продолжение.

ЖФК Љуботен и на овој меч беше подобар тим, постигна два гола и заслужено победи и заслужено се пласира во следната фаза во квалификациите во женската Лига на Шампионите.

ПретходноЕлмас одигра едно полувреме за Лајпциг на тест-дуелот со Аталанта
СледноНовиот прволигаш доведе уште едно странско засилување