И премиерот Мицкоски дојде во Куманово на лице место да ја бодри „новата“ Македонија (ФОТО)

645

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски и покрај згуснатиот распоред по повод големиот празник Илинден пристигна во салата во Куманово да ги бодри кошаркарите. Македонската репрезентација игра против Романија во рамките на претквалификациите за СП 2027 година, дуелот стартува со почеток во 20 часот.

Селекторот, Марјан Илиевски на располагање има младите кошаркари, а примерот дојде да ги поддржи сите заедно со федерацијата во мисијата да изградат нов индетитет на националниот тим.

Мицкоски е во друшто во првиот човек на КФСМ, Томица Главчев и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

На половина час до почетокот на дуелот со Романците, салата во Куманово е речиси исполнета до последното место.

ПретходноОфицијално: Лука Дончиќ потпиша нов тригодишен договор со Лејкерс
СледноПријателски: Тиквеш убедлив против Македонија ЃП, Башкими загуби од Нова Приштина