Кадетките извадија реми против Португалија

17

Женската ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 17 години одигра нерешено 29-29 на мечот со Португалија во рамките на 3. коло од групната фаза на Европското првенство во Црна Гора. Ова беше прв бод за нашите девојки, откако претходно претрпеа два порази.

Португалките на крајот на првото полувреме заминаа со предност од 15-10, но нашата селекција успеа во вториоте 30 минути да ја анулира негативата. На крајот успеавме да обезбедиме бод, кој сепак не остава на дното на табелата и ќе не одведе во разигрувањето за пласман.

ПретходноФламур Таири ја заврши фудбалската кариера
СледноХамилтон сам побара од Ферари да го сменат: Бескорисен сум!