Манчестер Ј. објави војна за потписот на Шешко

187

Манчестер Јунајтед го известил РБ Лајпциг дека ќе се натпреварува со Њукасл за потписот на словенечкиот голгерер, Шешко. Вчера стана јасно дека „страчките“ понудија 75+5 милиони евра за потписот на напаѓачот, но Манчестер Ј. вели дека активно ќе се натпреваруваат за да го добијат потписот на Шешко.

Според новинарот на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг, Јунајтед јасно му ставил до знаење на германскиот клуб дека сè уште е заинтересиран за потписот на словенечкиот фудбалер и има намера да достави повисока понуда. За која сума ќе стане збор, останува да почекаме.

ПретходноПеро Антиќ секогаш за Македонија
СледноПолувреме: Македонија води минимално против Романија