Олмо: „Флик со нас е на шпански, ама кога ќе се налути го користи англискиот јазик“!

43
ФОТО: FC Barselona/FB

Пред Дани Олмо е втората сезона во дресот на Барселона. Познато е дека имаше проблеми на стартот од минатата, она со регистрацијата, но и покрај се тој одигра добро и беше еден од оние кои и тоа како помогнаа Барса да ја освои титулата во Ла Лига.

За тоа што мисли за својот тренер Ханси Флик, посебно за јазичните бариери, офанзивецот на Барса и селекцијата на Шпанија истакна:

Со нас, на тренинзите и натпреварите е на шпанси јазик, ама кога ќе се налути тогаш го користи англискиот јазик. Флик е тренер кој го има она ДНК на Барса. Секогаш сака да доминира на терен, да ја има топката, сака напад и сака секогаш да победува. Има јасни идеи, знае што сака и знае како треба да играме. И ние сето тоа совршено го знаеме. Што се однесува до тимот ние сме група пријатели кои играат фудбал. Ова го велам од причини што голем број од нас се и репрезентативци на Шпанија. Тоа е нашата предност“ истакна покрај другото Дани Олмо.

ПретходноШок за Мекларен: Леклер со пол-позиција на “Хунгароринг“!
СледноЕП У-18: Македонија ја победи Белгија!Утре против Бугарија ќе се бие битка за опстанок во А-дивизијата!