Официјално: Лука Дончиќ потпиша нов тригодишен договор со Лејкерс

72
фото: Los Angeles Lakers (X)

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ потпиша нов договор со Лос Анџелес Лејкерс. Тој одлучи да ја продолжи соработката со Лејкерс за три години, што ќе му донесе 142 милиони евра.

Дончиќ наскоро ќе се врати во својата татковина, каде што ќе се приклучи на подготовките на словенечката репрезентација за Евробаскетот. Точно шест месеци откако го замени својот „втор дом“ во Тексас за Градот на Ангелите, еден од најпопуларните кошаркари во светот потпиша нов договор со Лејкерси.

„Тукушто го продолжив договорот со Лејкерси. Возбуден сум што ќе продолжам да работам на ова и да се обидувам да освојувам шампионски титули со Лос Анџелес Лејкерс и да ги направам среќни навивачите на ‘езерџиите’. Благодарен сум на Лејкерси, на моите соиграчи и на сите навивачи кои ми покажаа толку многу љубов од првиот ден. Ова е само почеток“, рече 26-годишникот Дончиќ.

ПретходноНовиот прволигаш доведе уште едно странско засилување
СледноИ премиерот Мицкоски дојде во Куманово на лице место да ја бодри „новата“ Македонија (ФОТО)