Официјално: Рома купи дефанзивец за над 10 милиони евра

20
Фото: ФЦ Рома

Рома го објави очекуваниот трансфер на дефанзивецот Даниеле Џиларди. Тој доаѓа од Верона за 10,5 милиони евра, со уште еден милион бонуси. Официјално, договорот е структуриран како позајмица за една сезона со опција за откуп.

Сепак, Верона ќе добие само половина од сумата, бидејќи поради посебна клаузула, другите 50% одат кај претходниот клуб на играчот – Фиорентина. Во 2022 година, Џиларди пристигна од „Артемио Франки“ за само 380.000 евра, но со овој услов во договорот.

Пред да се етаблира во Серија А минатата сезона, дефанзивецот играше на позајмица во Мантова и Сампдорија.

ПретходноДали Ливерпул со 160 милиони евра ќе тргне по Исак?!
СледноСветската шампионка на 100 м, уапсена поради семејно насилство!