Екипата на Тиквеш со убедливи 3:0 го совлада повратникот во ПМФЛ, екипата на Македонија ЃП во последниот тест пред стартот на новата фудбалска сезона. Денеска на стадионот во Кавадарци, домашните одиграа одлично прво полувреме во кое со головите на Стојанов и Рамадани поведоа со 2:0, а во вториот дел со голот на Ивановски во 70. минута го потврдија убедливиот триумф.
Новиот македонски прволигаш Башкими претрпе пораз од косовска Нова Приштина на вечерашниот контролен дуел. Косовскиот состав славеше со 2:0 со два гола постигнати во второто полувреме.