Само еден кошаркар од сегашниот состав на Македонија пред седум години играл против Романија

0

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (20 часот) во Куманово ја пречекува Романија во првиот претквалификациски меч за СП 2027 година. Нашите момци ќе играат пред полни трибини, билети за овој дуел повеќе нема. Овој момент е особено важен бидејќи во „црвено-жолтиот“ дрес ќе видиме една поинаква, нова и млада Македонија, на која во овој момент и е потребна огромна поддршка.

Романија има поискусен состав од нашата репрезентација, но домашниот терен и вербата во она што го работеа во изминатиот период им дава право на младите кошаркари да се надеваат на изненадување.

Овие две репрезентации нема долга историја на претходни мечеви, последен пат се имаат сретнато во квалификации за ЕП, во 2018 година, Македонија на домашен терен славела со 90-76. Само еден кошаркар од сегашниот состав тогаш настапил против Романија, а тоа е капитенот, Андреј Магдевски. Во истиот циклус Македонија на гости беше поразена со 65-53.

Покрај Магдевски од искусни имиња, селекторот Марјан Илиевски на располагање ги има Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли.

ПретходноНова офанзива за Бруно Фернандеш од Саудиска Арабија