Македонската кошаркарска репрезентација со пораз од ги отвори претквалификациите за СП 2027 година. Нашите момци на домашен терен беа совладани од Романија со 80-72 и покрај големата битка на теренот.
Селекторот, Марјан Илиевски посакуваше победничко деби, но нијанси решаваа. Простор за разочарување нема бидејќи ова е нова Македонија, која допрва треба да расте преку порази и победи.
Илиевски на прес-конфреренцијата откри дека видео-снимката од пријателската средба против Швајцарија некој им ја дал на Романците, кои денеска го знаеле секој потег на нашата репрезентацијата.
„Искрено жалам за поразот бидејќи во две минути се реши овој меч. Постојано беше егал, он потоа за краток период, со една две загубени топки и промашени отворени шутеви мечот се сврте во полза на гостите. Можеби некој ќе праша зошто земавме брзи шутеви, но тоа беа отворени шутеви и јас секогаш ќе барам од кошаркарски аспект тие шутеви да се земаат, ќе им дадам поддршка на моите играчи. Примивме 25 поени од втора шанса, што е премногу, знаевме дека тој физички аспект ќе биде главен проблем, но не успеавме да ги запреме Романците. Реков дека ќе не краси брза игра, имавме добри реализации од контранапад, но за жал тоа не беше доволно. Наше е да сработиме, да се види сето она што ќе го сработиме и сето она што за жал морам да го кажам е патетично – разочаран сум од синдромот на самоуништување. Првите два меча во Гевгелија беа од затворен карактер, настојувавме да ги сочуваме видео-анализите, но Романците стигнаа подготвени за сите наши напади, што е разочарувачки за мене како македонски селектор. Она што е проблем е ако овие играчи се важни во нашата репрезентација, а повторно имаат епизодна улога во своите клубови како и досега“, истакна Илиевски.