Нашата најдобра кошаркарска селекција вечерва иако одигра сосема добро, сепак беше поразена од Романија со 72:80. Новата, младата Македонија бодрена од публиката во салата Куманово и тоа како покажа дека има потенцијал, сепак неискуството беше решавачко за да овие претквалификации за СП 2027 ги почнеме со пораз.
Убава, празнична, Илинденска атмосфера во Куманово, а фановите со парола имаа што да кажат за актуелната ситуација во која се наоѓа нашата држава.
“За да постои македонскиот народ не му треба ваша дозвола“…
Се знае за кого е ова упатено, за сите оние кои ги негираат Македонија и Македонците.