Хамилтон сам побара од Ферари да го сменат: Бескорисен сум!

99

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, тешко се прилагодува на новата реалност. По уште еден лош квалификациски ден и 12-то место пред утрешното Гран При на Унгарија, Луис Хамилтон јавно побара од Ферари да го отпушти.

Тоа беше најлошиот резултат на Хамилтон во квалификациите во Будимпешта, а за да биде уште полошо, неговиот колега Шарл Леклер ја освои пол-позицијата со спектакуларен завршен круг.

„Јас сум проблемот секогаш. Јас сум бескорисен, сосема бескорисен. Тимот нема проблем – гледате, болидот е на пол-позицијата. Затоа веројатно треба да го смениме возачот“ , изјавил Британецот, кој ја има својата прва сезона во Скудерија.

ПретходноКадетките извадија реми против Португалија
СледноГолема штета, фалеше искуство: Македонија поразена од Романија (ФОТО)