Каков шок за Мекларен и двајцата водечки Оскар Пјастри и Ландо Норис во генералниот пласман во Ф1 оваа сезона на денешните квалификации на “Хунгароринг“? Шарл Леклер со своето Ферари имаше фантастично возење во последниот круг во третиот дел од денешните квалификации и дојде до пол-позиција.
Тоа значи дека на утрешната трка за ГН на Унгарија (15 часот) ќе стартува од првата позиција.
Втор е Оскар Пјастри, трет Ландо Норис а четврти Џорџ Расел на Мерцедес.
Светскиот првак Макс Верстапен главните квалификации ги за заврши на осмата позиција.
Ваквиот расплет гарантира дека утре ќе имаме супер интересна трка.