Изненадувачки: Македонија е фаворит против Романија

140
Фото: КФСМ

Иако македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за СП 2027 година ќе настапи со драстично променет и подмладен состав, сепак според обложувалниците на денешната средба против Романија гласи за фаворит.

Коефициентот за победа на младиот тим на селекторот, Марјан Илиевски се движи од 1,35 до 1,39, додека за триумф на Романија 2,95.

Ова е доста изненадувачки бидејќи процесот на подмладување на сениорскиот тим кој требаше да се случи постепено и многу одамна, започна наеднаш за овој циклус. Македонија има повеќе од неискусни од искусни кошаркари и тоа за првпат во својата историја.

Главното оружје на новите момци треба да биде нивната борбеност и мотив да испратат порака во македонската јавност дека кошарката сепак има иднина.

Мечот меѓу Македонија и Романија се игра во Куманово со почеток во 20 часот, билетите се распродадени од вчера.

ПретходноХакими се соочува со затворска казна, Мбапе се огласи: Се галеа и ништо повеќе…
СледноИлиевски одбра за дуелот против Романија