Мекиќ: Би ја замолил јавноста за трпение! Сите сме тука за една цел – Македонија!

147

Адем Мекиќ важи за еден од најискусните играчи во редовите на македонската кошаркарска репрезентација која вечерва (20 часот) во Куманово против Романија ги стартува претквалификациите за Светското првенство 2027 година. Тој заедно со Андреј Магдевски и Џејкоб Вајли треба да им дадат потребната самодоверба на младите кошаркари.

Мекиќ побара од јавноста трпение, бидејќи на теренот ќе видиме нова Македонија. Тој верува дека неискуството ќе биде надполнето со максимално ангажирање.

„Романија е нималку лесен противник за нас. Но ова е нова слика, една подмладена репрезентација гладна за успех, жедна за победа. Ни недостига искуство, но можеме да го надополниме тоа со максимално ангажирање. Би ја замолил публиката за трпение со овие млади момци. Сите сме тука за да го дадеме најдоброто за Македонија.

Јас искрено сум пресреќен што сум овде и ќе сториме се за еден позитивен резултат, да дадеме најдоброто од себе и да оствариме конекција со нашите навивачи“, истакна искусниот бек во нашиот сениорски национален тим.

Дуелот меѓу Македонија и Романија е веќе распродаден.

ПретходноДури ни навивачите на Ливерпул не слушнале за овој играч, а клубот го продава за речиси 20.000.000!
СледноХакими се соочува со затворска казна, Мбапе се огласи: Се галеа и ништо повеќе…