Новиот одбојкарски прволигаш во женска конкуренција, пелистер Волеј доведе уште едно странско засилување во очекување на новата сезона. Битолчанки со големи амбиции го чекаат дебито во елитата, а за таа цел донесоа неколку супер-квалитетни имиња. Последното во редот е Белорусинката Алина Жевлакова.
Станува збор за одбојкарка која настапува на позицијата техничар и досега играше за локалниот клуб Мозир. Претходно Жевлакова беше интернационалка во Албанија каде го носеше дресот на Поградец.
Белорусинката е четврто засилување за Пелистер Волеј во очекување на новата сезона.