Познат составот за дуелот со Грција, Бошковска се враќа во тимот

51

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Стефан Пауновиќ ги одреди 14-те репрезентативки на кои ќе смета за денешниот натпревар со Грција во рамките од квалификациите за Европското првенство 2026.

Во составот нема поголеми промени во однос на одбојкарките кои го носат товарот во играта, а единствен новитет е дека Мери Бошковска се враќа во игра. Коректорот го пропушти настапот во Европската Сребрена лига 2025 поради повреда на скочниот зглоб за време на подготовките, но сега е подготвена да му помогне на тимот.

Натпреварот меѓу Македонија и Грција се игра вечерва од 20 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Влезот во салата е слободен, а натпреварот ќе има и директен ТВ пренос на националниот сервис.

ПретходноДодека Вучиќ не може да го смисли, други политичари му се поклонуваат на Ѓоковиќ
СледноМанчестер Јунајтед постави ниска цена за Хојлунд