Ал Хилал во финална трка за Дарвин, Уругваецот дал „зелено светло“

38

Саудискиот гигант Ал Хилал тргнува во финална битка за потписот на Дарвин Нуњез. 26-годишниот уругвајски репрезентативец веќе беше предмет на интерес од Ал Наср во јануари, но трансферот пропадна. Во јуни, Ал Хилал го контактираше Ливерпул и беше информиран за условите на евентуалниот договор. Откако Виктор Осимхен се приклучи на Галатасарај, а Александар Исак и Бенџамин Шешко се незаинтересираниз а преслба во С. Арабија, Ал Хилал тргнува кон Нуњез.

Ал Хилал веќе активирал внатрешни механизми за забрзување на преговорите. Иако Ливерпул сè уште не добил официјална понуда, изразен е интерес и подготовките за договорот во Саудиска Арабија веќе се во тек. Се верува дека Нуњес е отворен за можен трансфер доколку разговорите меѓу двата клуба напредуваат.

Актуелниот тренер на Ал Хилал, Симоне Инзаги, го гледа Уругваецот како одлично дополнување на неговиот тим.

ПретходноПСВ го освои Суперкупот на Холандија