Ајдоган од Гостивар во дресот на Башкими

64
фото: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947 (Facebook)

Уште едно нови име во дресот на новиот прволигаш Башкими. Кумановци денеска го претставија германскиот интернационалец Огузан Ајдоган.

Станува збор за квалитетен фудбалер со турско потекло кој има германски пасош и кој минатата сезона го носеше дресот на Гостивар. Откако гостиварчани ја напуштија лигата, Ајдоган сепак остана во Македонија и во новата сезона ќе биде во „зелено-црниот“ дрес.

28-годишниот офанзивен играч за врска ќе биде едно од назвучните засилувања за Башкими во очекување на новата сезона.

ПретходноЛеклер: Разочаран сум, излезе дека имав проблем со шасијата, а не со гумите
СледноЕлези го постигна својот прв гол во дресот на Сараево (ВИДЕО)