Њујорк Никс и официјално го објави продолжувањето на договорот со Микал Бриџис. Според информациите, новиот договор е на 4 години, во кој кошаркарот ќе заработи 150 милиони долари. Договорот вклучува бонус во случај на размена и опција за играч за последната сезона (2029/30).
Минатата сезона, Бриџис имаше просек од 17,6 поени, 3,2 скока и 3,7 асистенции за 37 минути по натпревар во 82 натпревари (сите како стартер), што го прави еден од двајцата бекови во НБА кои имаат просек од најмалку 17 поени, при што шутираат 50 проценти од поле (заедно со Шеј Гилџес-Александер).
„Со задоволство го продолжуваме договорот на Микел и му се заблагодаруваме за неговата посветеност на она што го градиме во Њујорк. Откако му се приклучи на тимот пред нешто повеќе од една година, тој секојдневно ја демонстрира својата посветеност, професионализам и шампионски дух на и надвор од теренот“, објавија Никс.