Винисиус создава проблеми во Реал Мадрид

74
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Реал Мадрид се враќа на тренинзите во кампот на клубот во понеделник, но темата за Винисиус Јуниор сè уште е главна. Проблемот со Винисиус лежи во несовпаѓањето помеѓу неговите зборови и постапки, според шпански медиум специјализиран за настаните во Реал. За време на турнејата во Соединетите Американски Држави јавно изрази желба да остане во клубот на долг рок, но неговото однесување сугерира спротивно.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, планира да се појави лично во кампот и да одржи и состанок со Винисиус. Причината за ова се информации што протекоа во јавноста за наводната желба на Бразилецот да заработува повеќе од Килијан Мбапе.

„Перез, познат по блискиот однос со Винисиус, сака да има отворен, личен разговор лице в лице со играчот за да дознае од прва рака што навистина планира и како ја гледа својата иднина“, пишува „Дефенса Централ“.

Според истиот извор, претседателот верува дека Винисиус прави грешка со времето на неговите барања. Неговата моментална форма е далеку од онаа што го стави во трка за „Златната топка“. Затоа, Перез планира да го советува прво да го подигне нивото на својата игра на препознатливо ниво, а дури потоа повторно ќе седнат на маса и ќе разговараат за евентуално продолжување на договорот што важи до јуни 2027 година.

ПретходноМеси се повреди, но Интер Мајами победи важен натпревар на пенали (ВИДЕО)
СледноРафиња за пропаднатиот трансфер на Барса: Мислам дека е подобро што не дојде